Куманово има 112 доктори на науки, но над 1.700 лица без никакво образование

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово како најнаселена општина во државата според последните податоци на Државниот завод за статистика, од пописот спроведен минатата година, има вкупно 112 доктори на науки, но и над 1.700 лица без никакво образование.

Loading...

Според податоците кои го опфаќаат населението над 15 години, може да се заклучи дека жените се пообразувани од мажите, односно во образовниот процес се, или минале 39.916 мажи и 41.037 жени.

Најголема категорија е жители со завршено средно образование, односно 38.626 лица или скоро 40 отсто од населението. Во оваа категорија доминираат мажите со 21.570.

Потоа следуваат лицата со завршено само основно образование, односно вкупно 22.073 лица, каде доминираат жените со бројка од 12.463. Со основно образование се вкупно 22,4% од резидентното население.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги натепал родителите и оштетил покуќнина

Дури 11.722 лица во Куманово имаат завршено високо образование, односно скоро 12 отсто од целокупното населени во општината.

Вкупно 3.199 лица тргнале, но не го завршиле основното образование, или околу три отсто од населението, додека без никакво образование се вкупно 1.702 жители.

Од највисокото формално образование, Куманово има вкупно 966 магистри и 112 доктори на наука. Жените доминираат во категоријата магистри со бројка 535, додека мажите кога е во прашање докторатот.

Државниот завод за статистика нема податоци за 2.553 жители.

Loading...

Доминираат инжинери, производители и градежници

Според полето на образование доминира категоријата инжинерство, производство и градежништво со вкупно 10.283 лица. Потоа следуваат 9.256 лица во областа општи програми и квалификации, па општествени науки, новинарство и информирање со 9.033 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово распиша повик за субвенционирање на трошоци за домување (ВИДЕО)

Во категоријата образование се 4.342 лица, па следуваат бизнис, администрација и право, потоа здравство и социјална заштита, па земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина и уметност и хуманистички науки.

Најмалку застапени образовни профили според податоците од пописот се во категоријата услуги, па следуваат природни науки, математика и статистика и најмал е бројот во најбрзорастечката гранка информатичко-комуникациски технологии.

Државниот завод за статистика не располага со податоци за над 4.000 лица.

Никола Ивановски