Куманово и Гњилане ќе ги модернизираат пазарите во двата града со средства обезбедени од граднт од ЕУ во вредност од 324. 766 евра. Градоначалниците на општините, Максим Димитриевски и Љутфи Xазири, денеска во Куманово го потпишаа проектот во присуство на администрацијата и надлежните на јавните претпријатија одговорни за пазарите.
Преку проектот се очекува да се модернизира пазарот во Куманово, второто и третото ниво, а ќе се изврши и реконструкција на кровот, да се подобрат локациите за продажба, да се брендираат одредени производи
„Преку овој проект ќе се модернизираат пазарите со срества од ЕУ. Се надевам дека ова е почеток, нема да застанеме тука. Граѓаните на двете општини ќе имаат бенефит од овој проект, бидејќи пазарите ќе се модернизираат“-изјави Димитриевски.
Градоначалникот на Гњилане, Љутфи Xазири појасни дека и во таа општина ќе се реконструира тамошниот пазар.Најави дека освен на овој, со општина Куманово ќе работат и на други проекти.
„Се надевам дека успешно ќе го завршиме проектот и дека ќе бараме начини за реализација на други проекти преку ИПА фондовите“-изјави Хазири.
Директорот на ЈП „Пазаришта“ Куманово, Илир Саити инфорираше дека жителите на двата града и клиентите ќе имаат бенефит од модернизацијата на пазарите.
Освен, инвестицискиот дел во рамките на проектот предвидени е организирање мобилни пазари за продажба на свежи земјоделски производи, обука на земјоделците за подобар пласман и формализирање на бизнисите, организирање прекугранични недели за заеднички настап на пазарите и размена на искуства помеѓу земјоделците и одделенијата задолжени за развој.

Денеска, во просториите на општина Куманово, градоначалниците на Крива Паланка и Витина, Борјанчо Мицевски и Сокол Хаити, ќе отпочнат заеднички проект, исто така, финансиран од ИПА програмата ,а се однесува на изградба на пешачки патеки.
„Во Крива Паланка ќе се изгради пешачка патека во должина од 868 метри по должината на Дурачка река во високата зона, лев брег.Вкупната сума на проектот е 270 илјади евра, од кои 135 илјади евра се средства кои ќе ги искористи Крива Паланка“ –изјави Мицевски.
Рекреативна пешачка зона ќе се изгради и во косовската општина Витина, информираше градоначалникот на таа општина , Сокол Хаити.



