Кошаркарите на Куманово бележат пораз во првиот полуфинален меч оваа сезона, од екипата на Работнички. Натпреварот кој се одигра вечерва во Градски парк го отвори токму екипата на „сино-белите“ кои еуфорично тргнаа против повеќекратниот првак на македонската кошарка, но сепак го извлекоа потешкиот дел од крајот.
Првите десет минути беа извонредни за составот на Куманово, но нападот на Работнички и легијата странци ја стопија предноста на гостинскиот тим која на моменти беше и двоцифрена. Првите 10 миниту на паркетот екипата на Докузовски се мачеше со одбраната, а кошаркарите на Петровиќ тоа го користеа и имаат позитива од 25:29.
Но, вториот период од средбата за кумановци ги сруши сите напори. Бргу со серија од 9-0 Работчнички се врати во водство и до крајот доминираше во резултатот.
На полувреме се замина со резултат 52:43 за составот на Работнички, но останатиот дел од играта беше доминација на „црвено-белите“.
Најефикасен во ростерот на Куманово беше Бранислав Ѓекиќ со 14 поени, а по 12 впишаа Бобан Стајиќ и Мирко Ковач. Двоцифрен број поени имаа и Александар Штерјов со 11 и Никола Караколев со поен помалку.
Во составот на домаќинот со 19 најдоби беа Робинсон и Еванс, а по 16 поени реализираа Костов и Гинјард.