Куманово го пречекува бугарски Академик Пловдив

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска ја започнуваат втората фаза во БИБЛ лигата, но наместо од Израел, како што првично требаше да се игра, овој дел од натпреварувањата ќе ги започнат од домашен терен и тоа со Академик Пловдив од Бугарија.

Loading...

Кумановски денеска од 17 часот го пречекуваат составот на Бугарија кој иако важи за доста силен има претрпено два порази од тимот на Игор Ѓорѓиевски во првата фаза.

Мечот со израелскиот Хапоел Халон кој требаше да биде прв овој дел од БИБЛ, е презакажан за 12ти, но повторно на домашен терен во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Поради заштита од ширење на вирусот и двата меча и натаму ќе се играат без присуство на публика.

Никола Ивановски

Leave a Reply