На спомен Костурница традиционално и оваа година беше одбележан Денот на победата над фашизмот каде со свечени говори и положување свежо цвеќе им беше одадена почит на сите оние кои ги положиле животите денес да живееме слободно.
Спомен обележјето од година во година, освен свежо цвеќе добива по некој нов графит, му недостига по некој дел кој вандалите го скршиле.

Цвеќе положија градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, Советот на Општина Куманово, голем број политички партии, јавни претпријатија, основни и средни училишта, градинки, Сојузот на полициски и армиски ветерани, претставници на МВР, Здружението на борци, како и голем број граѓани, но евидентно беше отсуството на политичките партии од албанскиот блок.

Градоначалникот на Општина Куманово вели дека со победата над фашизмот и најголемото зло во човековата историја, формирана е и Европската заедница и потенц
Нашата историја ни остави вечен идеал за заендиштво и слога меѓиу сите народи, а најдобар пример за тоа е и терористичкиот акт кој се случи пред две години на денешен ден, а кој не успеа да направи раздор и судир помеѓу граѓаните на Куманово од различни национални припадности. Убеден сум дека ваквкито однос моите сограѓани ќе го негуваат во иднина и секогаш кога некој ќе се обиде да направи меѓунационален судир на нашето подрачје нема да успее – рече Дамјановски.ираше дека треба да се направат силни напори за враќање во големото европско семејство Наместо оружје нашето средство за напредок денеска е знаењето, демократијата, порбата за напредна држава, подобра демократија, стандард и намалување на сиромаштијата и невработеноста и целта на сето ова е интегрирање во развиениот свет каде сите ја гледаме својата иднина. Овој 9ти мај симболизира и означува уште една голема победа на Македонија во однос на историското владеење на диктатурата.

Чествувањето на Денот на победата над фашизмот заврши со рецитирачки настап на ученици од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.



















