На спомен Костурница традиционално и оваа година беше одбележан Денот на победата над фашизмот каде со свечени говори и положување свежо цвеќе им беше одадена почит на сите оние кои ги положиле животите денес да живееме слободно.
Loading...
[huge_it_gallery id=”357″]
Сежо цвеќе положија градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, Советот на Општина Куманово, голем број политички партии, јавни претпријатија, основни и средни училишта, градинки, Сојузот на полициски и армиски ветерани, претставници на МВР, Здружението на борци, како и голем број граѓани.
Градоначалникот на Општина Куманово вели дека македонија е во тренд и тенденција да биде дел од интегрирана Европа, но процесот оди бавно со оглед на случувањата. Но, овој датум за Куманово значи нешто друго.
За нас кумановците овој ден значи едно црно бедно во историјата на Куманово е 9-ти мај 2015 година кога Куманово беше најцрната терористичка точка во тој момент во Европа. Сите погледи на Европа, на слободољубниот и демократски свет беа вперени во Куманово, кога од неразбирливи причини уште до ден денеска не се разјаснети мотивите на таа вооружена терористичка група која го опседна тој дел од Куманово и имавме полициска интервенција која однесе многу животи – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Тој истакна дека правдата оди бавно, но мора вистината да излезе на виделина, а за во иднина најави можност за изградба на спомен обележја на паднаните припадници на МВР.
Чествувањето на Денот на победата над фашизмот заврши со рецитирачки настап на ученици од СОУ „Перо Наков“.