Куманово го доби првиот жител за 2023 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Женско бебе е првиот жител за 2023 година во Куманово, родено ноќеска на Одделението за акушерство при Општа болница Куманово.

Loading...

Станува збор за прва рожба на Шинизе Бекии од кумановско. Бебето е родено по природен пат во раните утрински часови.

– Првата рожба во 2023 година во Општина Куманово е прва рожба на нашата сограѓанка чие што е ова прво дете, живородено женско дете, спонтано породено, 3 килограми и 300 грама, 50 сантиметри долго. Шиназе Бекии, мислам дека целото семејство е среќно и ние со нив, рече директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

 

 

Мајката и бебето денеска ги посети претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска која донесе златник за првото бебе.

– Среќна сум што првото дете на ниво на општина Куманово е женско. Женските деца секогаш носат плодност, бериќет, мир и сплотеност во општината. Прекрасно чувство денеска ја посеив родилката, во име на Советот  и Градоначалникот на Општина Куманово посакав здравје, среќа и бериќет и да се множат децата во семејството, изјави Ѓорѓиевска.

Loading...

 

 

Во текот на ноќва е родено уште едно бебе во кумановската болница, кое како што информираше доктор специјалист Софија Трајковиќ, исто така е женско.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

– Од почетокот на годината имаме две породувања, сега имаме уште една пациентка во предродилна сала и очекуваме и тоа да се случи за час или два и тоа ќе биде трето породување. Од двете породени досега и двете се женски, вклучително и првото бебе, вели Трајковиќ.

 

 

Loading...

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева изрази надеж дека годинава ќе биде подобра од минатата во однос на бројот на бебиња.

– Ќе изразам надеж дека бројот на нови жители во Куманово ќе се зголеми оваа година, ќе оди во нагорна линија, бидејќи во глобални рамки знаеме дека постои еден тренд на намалување на новородени. Се радувам што е женско, велиме дека носи бериќет и ќе кажам дека се надевам оваа година да имаме повеќе раѓања, додава таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

 

 

Минатата година во кумановската болнциа имало вкупно 846 раѓања.

 

Loading...

Никола Ивановски