Кошаркарите на Куманово на гостински терен претрпеа пораз од составот на Гостивар во рамките на 10. коло од Супер лигата во македонската кошарка.
Loading...
Домашниот состав започна убедливо уште во првата четвртина кога резултатски се одлепи од составот на Куманово кој претходно ги истурка гостиварци од полуфиналето. Желбата за реванширање кај Гостивар беше очигледна, па избраниците на Марјан Србиновски имаа убедлив настап и во втората четвртина, иако гостинскиот состав покажуваше отпор. На полувреме се замина со резултат 39:30 за составот на Гостивар.
Кумановци се штедеа, знаејќи дека во полуфиналето ги очекува исклучително силниот состав на Работнички, а резултатски овој натпревар не им значеше ништо, одиграа релаксирано, иако гостиварци сакаа машка борба.
Loading...
Второто полувреме Гостивар го изигра повторно доминирајќи врз кумановци за да на крај триумфираат со резултат 75:58.
Последните минути минутажа на паркетот доби и подмладокот на двата тима, но додека траеше нивната игра од трибините Гемиџии направија вистински спектакл славејќи ја победа на својот клуб, но и крајот на сезоната за Гостивар кој враќајќи се по десет години во Првата лига, заврши на 5. позиција сезонава.
Во составот на Куманово со 18 побени брилираше Бранислав Ѓекиќ, а со 11 Александар Штерјов. Во домашниот состав најдобар беше Таварион со 19 и Димчевски со 16 поени.
Loading...
Сега претстојат полуфиналните мечеви, каде Работнички и Куманово ќе ги одмеруваат силите, а прв до финале ќе стигне тимот кој ќе реализира три победи.