Куманово е подготвено за првиот снег (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и компанијата „КООП Инжинеринг“ се подготвени за зимско одржување на улиците во Куманово.

Loading...

Во случај не сжени врнежи, како што информираше денеска директорот на „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски, механизацијат аи човечкиот потенцијал се подготвени да реагираат.

– Нашата механизација, како и човечки потенцијал се подготвени, располагаме со три кипер машини, едната е овде, на депо на ЈП „Куманово паркинг“ , останатите две се на депонија и со во здрава кондиција, тоа се кипер камиони кои имаат соларки од задната страна за расфрлување на сол, и однапред имаат ножеви за расчитување на истиот. Освен овие три кипер камиони, имаме уште два трактори, со ножеви и циклони кои треба да ја вршат истата работа, расфрлувањето на сол, како и автометлачки три кои се задолжени за јавно прометни површини како што се плоштадот, пешачки патеки, како и за останати површини каде треба да се интервенира од таков тип, изјави Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

 

 

Јавното претпријатие е задолжено да ги чисти улиците во централното градско подрачје, како и тротоарите, плоштадите и други јавни површини. Приватната компанија „КООП инжинеринг“ е избрана на тендерска постапка и ќе ги расчиствува патиштата кон приградските населби и селата.

– Последниве години немаме многу снег, сега има некои најави и очекувања дека ќе има погоелми снежни наноси. Ние сме подготвени да одговориме на сето тоа, како и фирмата која што е задолжена за руралниот дел. Во секој случај, тука сме и координативно да делуваме за да можеме граѓаните да ги заштитиме доколку има поголеми наноси, потенцираше директорот Стојановски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

 

 

Како што додава, набавени се доволни количини снег, а во случај на екстремно ниски температури ќе се третира и со течноста „ајсмелт“.

За зимското одржување на улиците Општина Куманово има предвидени 14 милиони денари, односно нешто околу 227.000. Девет милиони денари се предвидени за „Чистота и зеленило“, а останатите пет за приватната компанија.

Сепак парите ќе ги добијат по завршување на услугата, односно ако нема врнежи од снег, нема да им бидат исплатени парите.

Никола Ивановски