Куманово доби нов боксерски клуб (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

БК Куманово 84 е новиот боксерски клуб во Куманово, кој синоќа беше промовиран во Спортската сала. Се работи за возобновување на некогашниот клуб, кој им е добро познат на љубителите на овој вид на спорт.  Клубот ќе го водат олимписките и европските освојувачи, веќе докажаните боксери Реџеп Реџеповски, Мухамед Алија и Самет Салиевски. Новата управа на клубот подржана од локалната самоуправа ќе се заложи Куманово повторно да покаже дека има одлични спортисти.

Loading...

-Боксот е олимписки спорт, Куманово е олимписки град, имаме две медали бронза и сребно како и европска од Аце Русевски, зборувам за Куманово со традиција со боксери со успеси.  Имаме освоени медали во поранешната република имаме и откако сме самостојна држава Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, потоа јас Самет и Мухамед Алија и други генерација, наша обврска е да направиме нови шампиони за четири години ако не направиме некои боксери ќе си поднесеме оставки-истакна еден од тренерите Салиевски.

-Се собравме целата управа од боксерскиот клуб Куманово 84 и сите деца за тренинг. Имаме сега дојдени деца околу месец и пол се тренира, има четири од 13 до 15 кои се истакнуваат има и постари од претходните години кои се натпреваруваат и во ревијалните натпревари-додаде олимпиецот Реџеповски.

Општина Куманово се погрижи за реновирање на салата, како и за набавка на нова боксерска опрема. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е задоволен што најтрофејниот спорт се враќа во Куманово, благодарение на  иницијатива на група ентузијасти, докажани спортски работници. Обврска на општината е да има даде поддршка.

-Имаме голем број на млади потенцијални таленти и јас ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои учествуваа во возобновување на боксот во Куманово не можам да не спомнам дека тука денеска со нас се и дел од олимпијците носители на олимписки медали Реџеп Реџеповски а и европски како што е Самет Салиевски, Мухамет Алија и останатите наши кумановски боксери. Боксерскиот клуб ќе биде отворен за сите работници во спортот и се надевам дека повторно ќе го доживееме моментот кога Куманово пак ќе биде градот на олимпијците и ќе го славиме олимписко Куманово-нагласи тој.

Loading...

Димитриевски информираше дека општината во наредниот период ќе се обиде да изгради олимписка чешма, која ќе ги содржи имињата на истакнатите олимпијци и на тој начин ќе биде пример за останатите спортисти. Од клубот информираа дека ќе учествуваат на турнири, а поголемиот предизвик ќе биде настапот на државното првенство на Македонија.

Leave a Reply