Куманово доби 3 милиони евра грант за реконструкција на пречистителната станица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово обезбеди грант во вредност од околу 3 милиони евра од Швајцарската амбасада за реконструкција на пречистителната станица за отпадни води во Доброшане.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека договорот за финансирање е веќе потпишан.

– Вкупно имаме аплицирано за три проекти преку Министерство за животна средина за добивање на грант од Швајцарската амбасада. Потпишавме договор за еден од проектите, тоа е најголемиот договор во износ од некаде 3 милиони евра грант,“ изјави Димитриевски.

 

 

Според него, средствата ќе бидат наменети за целосна реконструкција на пречистителната фабрика за отпадни води и нејзино енергетско подобрување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

– Средствата ќе послужат за целосна реконструкција на нашата пречистителна фабрика за отпадни води коишто се наоѓа во Доброшане, дополнително нејзина енергетска ефектност во делот на инсталирање на систем за фотоволтаици со приближна моќност од еден мегават,“ рече градоначалникот.

Loading...

Како што објасни, со инсталирањето на фотоволтаици ќе се намалат трошоците за електрична енергија, што е еден од најголемите проблеми со кои се соочува јавното претпријатие „Водовод“.

– Ќе ги намалиме загубите во потрошувачка на електрична енергија бидејќи знаете дека во оваа јавно претпријатие најголемиот проблем се јавува од аспект дека во одредени моменти цената на електричната енергија кога ќе се качи не ги надминува далеку повеќе реално проценетите вредности на потрошувачка на средства на годишно ниво, појасни тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил удрил во метален столб на автопатот кон Табановце, тројца повредени

Дополнително, Димитриевски најави дека се аплицирани уште два проекти, кои се во фаза на евалуација.

Вториот проект е за унапредување на технолошкиот процес во фабриката за прочистување на вода или питка вода.

– Со имплементација на овој проект Куманово би бил ставен во групата на градови во Европа со најквалитетна преработка на вода. И третиот проект се однесува на проект за воведување дополнително на скада систем за контрола или електронски систем на контрола во процесот на производство на вода и пречистување на отпадни води, рече Димитриевски.

Никола Ивановски