Кошаркарите на Куманово денеска ќе ги одмерат силите со составот на Вардар во рамките на домашниот шампионат.
Loading...
За избраниците на тренерот Владимир Мирковски ова е 4ти натпревар од почетокот на оваа година. Причина за густиот распоред лежи во заостанатите натпревари поради појава на коронавирус во редовите на сино-белите.
Дел од прволигашите веќе имаат одиграно по осум натпревари, додека Куманово има пет, со скор од три победи и два порази.
Натпреварот ќе се игра со почеток во 17 часот во Скопје, иако кумановци ќе ја имаат улогата на домаќин. Како што појаснуваат од клубот ваквата одлука е поради реновирања во кумановската спортска сала.
Никола Ивановски