Куманово денеска го пречекува Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на домашен терен ќе ги одмерат силите со Кожув од Гевгелија во рамките на домашниот шампионат.

Loading...

Станува збор за 21то коло од Првата машка лига.

Кумановци влегуваат како фаворити во мечот, а евентуалната победа ќе им донесе подобар пласман на табелата во пресрет на завршницата од првиот дел од сезоната.

Во следната фаза Суперлигата влегуваат само најдобрите, а избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски имаат шанси за пласман.

Од досега одиграни 14 натпревари бележат 9 победи, но се тим кој има одиграно најмалку натпревари во споредба со другите, поради изолацијата на стартот на сезоната, но и обврските кон БИБЛ лигата, што доведуваше до одложување на многу натпревари на домашната сцена.

Само за споредба Пелистер кој е лидер на табелата има одиграно дури пет натпревари повеќе, а најголем дел од екипите имаат одигрнао по 17 или 18 средби.

Мечот започнува во 18:30 во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ и ќе се одигра без публика поради мерките за заштита од коронавирусот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply