Куманово дел од проект за подобрување на ефикасноста на комуналните претпријатија

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е една од неколкуте општини во земјава што ќе добијат техничка и финансиска поддршка за модернизација на комуналните претпријатија, во рамки на новиот проект „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“.

Loading...

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска учествуваше на церемонијата на потпишување на договорите, каде што беа дефинирани обврските и насоките за идната соработка. Проектот е заедничка иницијатива на Владата на Северна Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, и Владата на Швајцарија, претставена од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO).

 

 

Loading...

„Ова е значаен чекор за Куманово и за сите општини што се вклучени. Подобрувањето на капацитетите на комуналните претпријатија значи подобри услуги за граѓаните, помали загуби на вода и поефикасно управување со ресурсите,“ изјави градоначалникот Димитриевски по потпишувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат првите денови од август?

 

 

Проектот има за цел да ги засили техничките и организациските способности на јавните комунални служби преку инвестиции во енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и модерни системи за управување и наплата. Особено внимание ќе се посвети на намалување на загубите во водоводните системи — проблем што го тангира и Куманово.

На настанот присуствуваа претставници од Амбасадата на Швајцарија, владини функционери, градоначалници и директори на јавни претпријатија од општините потписнички.

Никола Ивановски