Куманово без новогодишна прослава на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ и Наталија Славева ќе пеат на предновогодишниот концерт кој го организира Општина Куманово, а кој ќе се одржи во понеделник со почеток во 19 часот во свечената сала на Занаетчискиот дом.

Loading...

И оваа година нема да има прослава за новогодишната ноќ поради малиот интерес и скапите хонорари на поголемите музички имиња.

– Програмата ќе биде богата оставам на граѓаните, ќе добијат информација за точните термини да прославиме заедно. Знаете дека чинење на ангажман на мега ѕвезда за Нова година е доста скапа работа, општината работи со скромни средства, имаме отворено и реализираме голем број тековни проекти и обезбедуваме средства за да ги платиме старите обврски, а се покажа праксата досега дека се даваат големи средства за одбележување на Новата година на градски плоштад во вечерните часови кога температурите се ниски и за жал нема голем интерес кај граѓаните, бидејќи нашата традиција е да ја пречекаме Новата година или во домашна атмосфера или во градските кафулиња, кафани и ресторани.

Сепак најмалите и годинава традиционално на градскиот плоштад ќе го пречекаат Дедо Мраз при што ќе има и свечена програма по тој повод.

– Имаме предвидено поголем број на настани и манифестации и она што е традиционално до сега, одбележување на Нова Година, доаѓање на Дедо Мраз на плоштадот, ја користам оваа прилика да ги повикам сите мали да ни се придружат заедно со нивните родители да ги одбележиме овие празнични денови и да се чувствуваме весело, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Од ноќеска започна и поставувањето на новогодишните украси во Куманово, по многуте критики дека се доцни со оваа активност во споредба со останатите градови во државата.

Како што вели градоначалникот Димитриевски, никогаш не е доцна затоа што тоа секогаш се прави 10 дена пред празниците.

Leave a Reply