Ракометарките на Куманово ја реализираа првата победа сезонава, откако на домашен терен вчеравечер со резултат 30:21 го добија мечот против ЖРК Гевгелија.
Водството од шест поени разлика кои кумановки го направија на почетокот од средбата при резултат 7:1 им овозможи постојана предност пред противникот, но и пристојна но и водство од 16:13 на полувреме.
Со плус пет поени водство продолжи играта на ЖРК Куманово во вториот дел од натрепварот, кога во играта се активираа Александра Боризовска и Викторија Пеовска, по што веќе беше јасно дека крајниот резултат ќе донесе нови два бода на табелата.
Извонредна игра од кумановки и овој пат прикажа Мила Трајковиќ која реализираше осум голови, а зад неа со два помалку е и Викторија Пеовска.
Во составот на ЖРК Гевгелија со осум погодоци најефикасна беше Михаела Митревска, а со шест Драгана Стојанова.