Кумановската авторка Лара Денковиќ во Занаетчискиот дом вчеравечер ја промовираше својата најнова книга со наслов „Звукот на тишината“.
Романот ја раскажува приказната за Ариа – жена која се обидува да ја пронајде својата сила и љубов во свет што никогаш не ја научил што е љубов.
Како што вели авторката, самата инспирација доаѓа од „тишината, односно сонот, како најголема тишина на секој човек.
– Делото можат да кажам дека е релативно мистично, луѓето можат да се продлабочат во него, не се открива уште на почетокот што се случува и како одат настаните, се до последната реченица, вели Денковиќ.
Најголемата поддршка, вели се нејзините најблиски, кои секој момент од креирањето, па до издавањето на делото биле покрај неа.
Во меѓувреме веќе работи и на својот трет роман.
Никола Ивановски