Кумановка затекнала крадци во домот, ја нападнале неа и нејзиниот син

Сподели со своите пријатели

Кумановка вчера затекнала крадци во својот семеен дом, кои одзеле повеќе предмети, а притоа ја нападнале неа и нејзиниот син.

Loading...

– На 30.08.2021 година во 17.10 часот во СВР Куманово, М.З. пријавила дека во нејзиниот дом на улицата „Гоце Делчев“ затекнала две лица кои со употреба на сила влегле во куќата и одзеле повеќе предмети и притоа физички ја нападнале неа и нејзиниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски