Кумановка заработи кривична, бидејќи се движела во полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишна кумановка заработи кривична пријава бидејќи се движела за време на полициски час во јуни годинава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (55) од Куманово, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 07.06.2020 во 11.40 часот, таа била затекната од страна на полициски службеници на ул.„Народна револуција“ во Куманово, со што не ја почитувала мерката за забрана на движење на населението, прогласена за време на епидемија на опасна заразна болест на територија на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply