Кумановка тешко повредена откако во неа удрил „опел“

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил сограѓанин со „опел“.

Loading...

– На 10.12.2022 околу 17.55 часот во Куманово, на крстосница од ул.100 и ул.101, патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(48) од Куманово, удрило во Д.Т.(69) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата Д.Т. се здобила со тешки телесни повреди, кои и биле констатирани од лекар во Општата болница Куманово.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски