Педесет и едногодишна кумановка е тешко повредена откако вчера деветнаесетгодишен кумановец управувајќи автомобил марка „ауди“ удрил во неа.
– На 14.03.2022 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Никола Тесла“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(19) од Куманово, удрило во В.Ц.(51) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Никола Ивановски