Дваесет и тригодишна кумановка нанела тешки повреди откако со остар предмет си го нападнала сопругот кој според пријавеното се обидел да го повреди нивното дете.
– На 14.12.2021 во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски