Кумановка питачела со малолетните деца, ќе добие кривична

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна кумановка била приведена вчера откако била забележана како питачи со нејзините две малолетни деца.

Loading...

– На 18.05.2025 околу 11.30 часот, врз основа на претходно изготвен план, полициски службеници од СВР Куманово ја забележале А.И.(28) како питачи со нејзините две малолетни деца, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Против неа, како што додаваат од полицијата, ќе биде поднесена кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 28-годишен кумановец кој возел со 1,73 прoмили алкохол