Кумановка измамена за сума од 1.050 евра

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишна кумановка била измамена за сума до 1.050 евра од страна на лице кое се јавило и барало пари, бидејќи нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа.

Loading...

– На 16.05.2020 во 18.00 во СВР Куманово, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува.

Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите.

Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply