Кумановка измамена за огревни дрва, останала без 10.000 денари

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишна кумановка останала без 10.000 денари, но и без ветените огревни дрва, во шемата за измама која ја има секое лето.

Loading...

– На 24.07.2023 во 14.10 часот во СВР Куманово, 65 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да донесе пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзниот сопруг рекол да му ги даде парите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетнички од Куманово нападнале и ограбиле врснички

Подоцна нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени.

Од кумановската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски