Кумановка измамена за 2.000 евра во туристичка агенција

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна кумановка пријавила дека лице вработено во туристичка агенција ја измамило за сума од 2.000 евра.

– На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски