Кумановка измамена при купување стан во Скопје, останала без 50.000 евра

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишна кумановка била измамена за сума од нешто над 50.000 евра при купување стан во изградба во Скопје.

– На 15.09.2025 во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека била измамена за сума од 3. 233.280 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, преку посредник таа купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година. Според пријавеното, фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Во изминатите осум години се посветив на сите делови од градот без селекција

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски