Кумановка изгоре во пожар

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20,40 часот било пријавено дека во с.Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела.

Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Leave a Reply