Кумановка и скопјанка се тепале во автобус на ЈСП

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишна кумановка и една година помлада жителка на Скопје вчера физички се пресметале во автобус во Скопје.

– На 21.10.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово со максимални „три од три“ од почетокот на сезоната (ГАЛЕРИЈА)