Кумановка го пријавила сопругот за насилство, полицијата му пронашла дрога и украдени предмети

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен во текот на вчерашниот ден откако полицијата му пронашла марихуана и украдени предмети.

Loading...

Лицето било пријавено од сопругата за семејно насислтво.

– При претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана, дробилка и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, откако претходно бил пријавен од неговата сопруга дека физички ја нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оџак предизвика пожар на семејна куќа во Куманово

Никола Ивановски