Триесет и осумгодишна кумановка добила мерка притвор откако полицијата при претрес во нејзиниот дом пронала прашкаста материја и дигитална вага.
– На 04.12.2021 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј. (38) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од кумановската полиција, судија на претходна постапка и одредил мерка притвор и таа на 05.12.2021 била спроведена во Казнено- поправната установа затвор К`шање Куманово.
Никола Ивановски