Кумановецот што го вандализираше споменикот на Тито му подари книга на градоначалникот Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Мики Заовски, 60-годишниот кумановец кој минатиот викенд го вандализираше споменикот на Јосип Броз Тито, завчера се предаде во полиција, од каде ќе му поднесат прекршочна пријава, но веќе вчера повторно се најде во центарот на вниманието.

Додека траеше седницата на Советот на Општина Куманово, Заовски влета со транспарент во рацете преку кој го повикува градоначалникот Максим Димитриевски на ТВ дуел, обвинувајќи го дека не се справува со реалните проблеми, и дека е титофил.

Димитриевски не беше присутен на советот, меѓутоа Мики му остави книга од Петре М. Андреевски „Небеска тимјановна“ со порака да ја прочита и да му ја врати.

 

 

– Ќе му подарам и една книга, не всушност не му ја подарувам зошто тие имаат таква рака, ако земат не враќаат, ќе му ја дадам да ја прочита и да ми ја врати, реќе Заовски.

Потоа откако слубжите го отстранија од салата, чекаше во холот да заврши седницата и на советниците од ВМРО-ДПМНЕ им порачуваше да не учествуваат во работата на градскиот парламент.

Leave a Reply