Кумановецот Аиман се враќа на сцената со нова песна – „Махала“ (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

По шест месеци пауза, кумановскиот музички артист Аиман Аневски се враќа на сцената со нова песна насловена „Махала“.

Ја најавува како симболичен почеток на неговото повторно активирање и враќање на локалната музичка сцена.

Текстот е авторско дело на Аиман, а за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Давид Ивановски.

Продукцијата е изработена од prodbym6, додека видеото е снимено и монтирано од Филип Мандевски – FM17.

Видеото е реализирано со VHS камера, со што авторот свесно внесува естетика инспирирана од 90-тите години, со цел да се долови специфичен визуелен и емотивен момент.

„Ова е моја нова трака по шест месеци пауза, со која најавувам еден вид враќање на мојата музика и повторно поврзување со кумановската сцена“, вели Аиман.

Песната можете да ја слушнете во продолжение:

 

Loading...