Педесет и деветгодишен кумановец ѝ нанел тешки телесни повреди на својата сопруга, по што полицијата го приведе, а судот одлучи да му определи притвор.
– Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата, информираат од Основното јавно обвинителство.
Како што појаснуваат од ОЈО Куманово, на 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.
– Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, стои во соопштението.
Никола Ивановски

