Кумановец заврши во затвор поради непочитување на здравствените прописи

Сподели со своите пријатели

Поради непочитување на здравствените прописи во време на пандемија, четириесет и двегодишен кумановец завршил во притвор, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– На 01.10.2021 во 22.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Д.(42) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, стои во соопштението на кумановската полиција.

Како што додаваат оттаму, тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Никола Ивановски