Кумановец заработи кривична пријава за кражба на мобилен
On:
Сподели со своите пријатели
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено на 21.05.2016 година, околу 07,00 часот на ул. „11 Октомври“ во Куманово со употреба на физичка сила и сериозна закана извршил разбојништво над Л.Д.(43) од Куманово при што и одзел мобилен телефон марка „Сони“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од 9.000 денари.