Кумановец загина во пожар во складиште (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во пожар кој попладнево околу 15 часот избил во склад на приватна фирма во населбата Средорек во Куманово. Информацијата ја потврдија лекарите од Итната медицинска помош.

Loading...

Две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово се сѐ уште на терен исто како и екипи на полицијата.

 

 

Во овој момент се работи на гаснење на кровната конструкција, но телото на мажот е внатре, вели командирот на ТППЕ Куманово Деан Илиевски.

– Се работи за опожарен објект како складиште, магацин доле, а горе канцеларии и простории за живеење. Човекот е починат сѐ уште е внатре, само е констатирано дека е починат. Две екипи се на терен моментално и се работи на догасување на кровната конструкција, изјави Илиевски кој сѐ уште е на терен со пожарникарите.

 

Loading...

 

Информацијата ја потврдија и од СВР Куманово.

– На 10.11.2021 година во 15:05 часот од стра на екипа на Итната медицинска помош е пријавено дека настанал пожар во фабрика на улцата „Доне Божинов“ во Куманово. Пожарот сѐ уште не е локализиран, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Според кажувањата на очевидци, вработени во соседната фирма кои го забележале пожарот, го повикувале лицето да излезе надвор, но тој одбивал и се вратил. Од пламените јазици не можеле да влезат да му помогнат, но по кратко време престанал да возвраќа на нивните довикувања однадвор.

Loading...

Очевидците велат дека ова не е прв пат во објектот да избувнува пожар. Последен пат бил опожарен летово.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски