Кумановец загина при судир на „пежо“ и камион

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во населбата Карпош.

Loading...

– На 28.07.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило “пежо”, управувано од Б.С.(71) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош

Увидот е во тек.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата