Педесети едногодишен кумановец вчера загинал откако паднал додека извршувал градежни работи на кров на куќа.
Loading...
– На 23.11. 2021 во 14.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на кровот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово
. Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Никола Ивановски