Кумановец возел со 3,56 промили алкохол, ќе добие кривична

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчера претпладне откако полицијата утврдила дека возел под дејство на 3,56 промили алкохол.

– На 12.10.2025 во 11:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

При контрола во патниот сообраќај, како што додаваат од СВР Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,56 промили алкохол во крвта.

– Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски