Триесет и седумгодишник од Куманово бил приведен откако под дејство на алкохол удрил во паркиран автомобил.
– На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово. Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, а при преземање мерки во врска со незгодата полициски службеници констатирал дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,37 промили алкохол во организмот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски