Четириесест и едногдишен кумановец ноќва бил приведен поради управување моторно возило под дејство на алкохол.
– Во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) село Јачинце, кумановско, заради тоа што при контрола во патниот сообраќај, откако полициски службеници го сопреле патничкото возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т. кај истиот било констатирано присуство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето, како што додаваат, веднаш е исклучено од сообраќај и е задржано во полициска станица.
Против лицето, велат од МВР, по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски