Кумановец возел над 100 километри на час во населено место, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата го „уловила“ како вози над 100 километри на час во населено место.

– На 08.12.2025 во 14:20 часот во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Н.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 27-годишник од Куманово баран со потерница

– По целосно документирање на случајт, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски