Кумановец во Богданци приведен со марихуана

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец кој живеел во Богданци е приведен поради поседување марихуана.

Loading...

– На 28.11.2020 во 03.00 часот во с.Селемли, општина Богданци, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода Г.А.(37) од Куманово, со живеалиште во Богданци, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply