Кумановец викендов возел со над 3 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Кумановец викендов возел со над три промили алкохол во крвта откако полицијата му извршила алкотестирање во акциската контрола.

Loading...

Тој е само еден од 121 лица кои викендов биле казнети во Куманово по различен вид прекршоци што ги сториле во сообраќајот.

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 121 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 97 биле за управување возило со брзина поголема од пропишаната, 14 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски