Дваесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека предизвикал штета на приватен имот на кој насилно упаднал.
Loading...
– На 31.08.2023 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 28.08.2023 со употреба на сила влегол на приватен имот во населбата „Бавчи“ во Куманово, при што предизвикал материјална штета.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, додават од кумановската полиција.
Никола Ивановски