Кумановец украл апарати за домаќинство па ги препродавал, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец вчеравечер бил приведен од полицијата под сомнение дека крадел апарати за домаќинство и други производи кои подоцна ги препродавал.

Loading...

– На 27.10.2021 во 19.50 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 20.09.2021 од семејна куќа на Б.Р. на улица „Средорек“ во Куманово одзел апарати за домаќинство и други предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Одземените предмети, како што појаснуваат од полицијата, биле пронајдени кај друго лице на кое ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот.

Е.Р бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски