Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од кумановско Лопате викендов удрил во 15-годишна малолетничка од Скопје.

Loading...

– На 28.12.2024 година  во  22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски’’ во Скопје, патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку тепачки во новогодишната ноќ во Куманово