Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека со стружанец извршиле тешка кражба.
– На 06.06.2023 во 09.45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Д.У.(37) од Струга и Е.П.(46) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Никола Ивановски