Едно лице загина, а друго со прострелни рани од оружје е пренесено во тетовксата болница, откако попладнево дошло до пукање во тетовското село Мала Речица пред седиштетото на ДУИ.
Како што пренесуваат националните медиуми пред објектот најпрвин дошло до расправија помеѓу лица од Куманово и Тетово, а подоцна и до пресметка со огнено оружје.
Едно од лицата кое било нападнато успеало да избега до својот автомобил на 200 метри од седиштето на ДУИ, а подоцна со истото возило им го пресекол патот на напаѓачите и започнал да пука кон нив, јавува Телевизија 24.
Според неофицијални информации на весникот Коха, Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, додека рането е уште едно лице од Куманово.
Престрелката се случила околу 18:20 часот, а неофицијално приведени се и две лица осомничени за нападот.